На 12.02.2019 година (вторник), со времетраење од 12:40 до 14:15 часот, во просториите на кабинетот по Македонски јазик, при СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш, се одржа работилница “Како да се направи мулти-јазична брошура и  нејзино планирање и креирање”, во рамките на проектот RYCO “YOUth in charge of the world!”. Работилницата беше одржана од страна на професорот по македонски јазик Миле Арсов, а во истата земаа учество и професорките одговорни за реализација на проектот: Катерина Сусинова, Наташа Спасевска, Венка Тадирова и Нина Железарска, како и учениците кои се дел од самиот проект.

ryco proekt - rabotilnica za brosura (1)

Работилницата започна со дискусија за потеклото и значењето на зборот ‘брошура‘, и видови на брошури. Професорот Миле Арсов им објасни на учениците во детали за овој термин, прикажувајќи и дефиниции превземени од речник во електронска верзија, и отворајќи кратка дискусија за да го слушне и мислењето од учениците. Потоа учениците имаа можност да погледнат кратко видео за тоа што е вест и како таа треба да се прикаже во едно јавно гласило. После видеото професорот додаде уште дообјаснувања на истата тема, а исто така и учениците го искажаа своето мислење. Следната активност исто така беше поврзана со гледање на видео за медиумска писменост, после што повторно следуваше кратка дискусија на таа тема. На крај професорот објасни како би било најдобро да се пренесат информациите во мулти-јазичната брошура за потребите на проектот, бидејќи тие ќе мора да бидат напишани на четирите јазика: македонски, српски, босански и англиски јазик. Учениците и самите даваа свои предлози за тоа што се да биде вклучено во брошурата и на кој начин сите тие информации да бидат подредени. Беа разгледани и различни темплејти за електронско уредување на страници од брошура, а се одреди и група од ученици кои ќе работат на директното уредување на текстовите во брошурата под менторство на професорот Миле Арсов, кои ќе се среќаваат на дополнителни работни состаноци.

Превод »