Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ го прифатија trash-tag предизвикот

kosta susinov - dena na ekologija 2019 (13)

По повод Денот на пролетта, 21 март, ученици од Средношколската унија, како и претставниците од еко-одборот од секоја паралелка од СОУ “Коста Сусинов”, организираа акција во училишниот двор со која беше направено уредување и беше исчистен надворешниот дел од училиштето. Учениците го прифатија т.н. еко-предизвик (eco-challenge) активност која е мошне актуелна низ социјалните мрежи како кај нас, така и надвор од нашата земја и успешно ја спроведоа оваа мисија. Во организацијата и спроведувањето на активноста им помогнаа и наставници и други вработени во средното училиште. На овој начин беше одбележан Денот на пролетта со цел подигање на еколошката свест кај сите субјекти во училишната средина и важноста од придонес кон одржување на здрава околина.

Превод »