Денес во СОУ “Коста Сусинов” Радовиш се одбележа 5 мај Ден на македонскиот јазик со доделување награди на добитниците на конкурсот на тема “Пораки кон иднината”. Литературниот конкурс беше објавен минатиот месец по повод патрониот празник на нашето училиште, и беше наменет за учениците од IX одделение од основните училишта во општина Радовиш.
Прва награда беше доделена на ученичката Викторија Спасова, Втора награда на ученичката Персида Сарамандова, и Трета награда на Илина Георгиева, Сите од ООУ “Никола Карев” Радовиш.
Исто така доделени беа и благодарници на нивните ментори Славица Манчева и Лидија Трајкова.