ВЕ ПОКАНУВАМЕ
на 26.05.2022 (четврток) од 10:30 до 13:00 часот во училишниот двор на СОУ “Коста Сусинов” Радовиш
На овој ден нашето училиште СОУ “Коста Сусинов” Радовиш ќе ги отвори вратите за сите деветтодделенци од нашата општина, општина Конче и пошироко, како и за нивните родители и наставници, а и за компаниите со кои нашето училиште има реализирано соработка и/или ќе соработува во иднина.
Во рамките на кампањата ‘’Учи паметно, работи стручно’’ за промоција на предностите и можностите кои ги нуди средното стручно образование, на овој отворен ден нашето училиште ќе биде посетено од страна на Министерот за образование и наука на РСМ.
Поради зголемување на бројот на дуални паралелки во стручното образование кои во иднина ќе создадат квалификуван кадар, со стручни вештини и компетенции, кој одговара на потребите на реалниот сектор во нашата општина и пошироко, нашето училиште ќе има можност да ги претстави четирите струки:
- Електро-техничка струка со 2 профили: електротехничар- енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика, дуално образование;
- Геолошко-рударска и металуршка струка со 2 профили: рударски техничар и металуршки техничар, дуално образование;
- Машинска струка со 1 профил: машински техничар;
- Градежно-геодетска струка со 1 профил: градежен техничар.
Исто така ќе бидат претставени и гимназиските паралелки од:
- Природно-математичкото подрачје,
- Општествено-хуманистичко подрачје, и
- Јазичното подрачје.