Доколку сте заинтересирани да:

– учествувате во работилници и настани на теми кои се од глобално значење, но и дел од нашето секојдневие:

хуманост, медиумска писменост, животна средина, булинг, културно зајакнување

– покажете дека се грижите за средината во која учите и живеете, како и за луѓето кои ве опкружуваат

– ги подобрите вашите културни вредности и способности за разбирање на социјалните медиуми

– ги развиете своите комуникативни и лидерски вештини, како и оние за критичко размислување

– ги искажете своите ставови слободоумно и истражувате идеи што се креативни, невообичаени, неограничени или неконтролирани од страна на правила или традиции

– ги користите вашите дигитални вештини и оние на познавање на англискиот јазик

– соработувате со други ученици и изградите силни пријателски врски

Тогаш овој проект е за вас!!!

Повикот е отворен за сите ученици од I, II, III и IV година

во СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш

Пријавување од 25. до 31. Јануари, 2023 година

Не чекајте, пријавете се веднаш!

Бројот на ученици-учесници во проектот е ограничен!

Проектот ќе се реализира во периодот од Февруари до Јуни, 2023 година.

Пополнете и испратете го формуларот за апликација на електронска адреса кај проф. Катерина Сусинова – katerinasusinova@yahoo.com

(формуларот за апликација може да го најдете на овој линк или лично кај проф. Катерина Сусинова)

*Овој проект е овозможен со грант спонзориран од Бирото за просвета и култура при Стејт департментот на САД, со парични средства обезбедени од Владата на САД, и администриран од ИРЕКС. Ставовите и информациите презентирани овде се сопствени на примателот на грантот, и не ги претставуваат оние на Стејт департментот на САД или ИРЕКС.

Превод »