СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш, се закити со две награди на 10. Натпревар по читање на англиски јазик, организиран од страна на UACS – University American College Skopje

Нашето училиште СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш, со гордост може да се пофали за освоените второ и трето место на 10. Натпревар по читање на англиски јазик, организиран од страна на UACS, за учениците од трета и четврта година во средните училишта во нашата држава.

Второто место го освои ученичката Стефанија Ефтимова од IV-1 клас, под менторство на проф. Валентина Ристова, а третото место и припадна на ученичката Ангела Стојанова од III-4 клас, под менторство на проф. Катерина Сусинова.

Честитки за учениците и менторите, со желби и за понатамошни успеси!

Целта на овогодинешниот десетти по ред натпревар беше да им се оддаде чест на жените – писателки од англиската литература, а посебно на оние кои биле маргинализарни, заборавени и помалку познати.

Стефанија Ефтимова ја читаше поемата “Daddy” од Sylvia Plath.

Ангела Стојанова ја читаше поемата “A Song of Farewell” од Dora Greenwell.

Можете да ги проследите нивните изведби во видеата подолу:

Превод »