Првото пријавување и запишување на учениците во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш во јунскиот уписен рок ќе се изврши на 22 и 23 јуни 2015 година од 7:30  до 15:00 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2015 година.

Инаку, пријавувањето и запишувањето на учениците во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш ќе се изврши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 29 и 30 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе се врши на 24 август 2015 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2015 година.

[embeddoc url=”http://kostasusinov.edu.mk/wp-content/uploads/2015/06/flaerce-upisi-2015.pdf” viewer=”google”]

[embeddoc url=”http://kostasusinov.edu.mk/wp-content/uploads/2015/06/gimnazisko-obrazovanie.pdf” viewer=”google”]

[embeddoc url=”http://kostasusinov.edu.mk/wp-content/uploads/2015/06/elektrotehnicka-struka.pdf” viewer=”google”]

[embeddoc url=”http://kostasusinov.edu.mk/wp-content/uploads/2015/06/metalurska-struka-flaerce-2015.pdf” viewer=”google”]

Превод »