Во периодот од 29-31 март 2022 години, претставници на Средношколската унија при СОУ “Коста Сусинов”-Деница Трајанова, Симон Пранговски и Дарко Тодоров, сите од II година гимназиско образование, под менторство на наст.Наташа Спасевска, престојуваа во Собранието на РСМ во Скопје и хотел Романтик во Велес, поддржани од Фондација Конрад Аденауер и LEAD Лидери за едукација, активизам и развој.
Учениците, пред тимови од вкупно седум гласни ученички заедници и професионална тричлена комисија, го претставија нашето училиште и целокупната работа на Ученичката заедница или нашата Средношколска унија во него. Исто така ја презентираа и нивната иницијатива за активност која ќе биде спроведена од страна на средношколците во следниот месец.
Нашата Ученичка заедница беше избрана за една од трите најгласни во РСМ и доби грант во износ од 10000 мкд. Критериумите според кои се избираа трите најГЛАСни УЗ беа следните:
- Уреденост и начин на функционирање на ученичката заедница
- Степен на влијание и учество во консултации и носење на одлуки во рамки на училиштето
- Степен на активност во спроведување на различни активности и вклучување на учениците во истите
- Квалитет на предложената иницијатива која би се реализирала со освоената награда
Исто така, во дружба со другите ученици од нашата држава, нашите ученици се стекнаа со нови пријатели и искуства, разбраа како работат другите УЗ и во иднина ќе се трудат да имплементираат нови и корисни практики во нашето училиште и нашата УЗ.