По повод “Денот на рециклирањето во САД” – 15. Ноември, учениците од СОУ “Коста Сусинов”, кои се дел од проектот “Access” спроведоа еколошка акција и се погрижија за чист и уреден училишен двор околу гимназијата.

Активностите од проектот “Access” опфаќаат изучување на англискиот јазик преку запознавање со американската култура и начин на живеење, но и учество во акции од разновиден тип кои се корисни за заедницата во која живеат и учат учениците. Преку учеството во вакви акции тие го разбираат значењето на општествено корисната работа и колку е важно секоја единка од една заедница да даде свој придонес.

Нашите ученици денес покажаа дека се грижат за животната средина која ги опкружува и пренесоа порака дека на отпадот местото му е во корпата за отпадоци, а не во природата околу нас!

Превод »