Убав почеток на пролетта заедно со учениците од IX-1 и IX-3 од ООУ “Никола Карев”.
Професорката Маја Караманова Сулева вклучена во Програмата за мировно образование заедно со учениците од IV година, Костантин Ѓозев и Сара Илиева реализираа креативна работилница.
Учениците преку разни активности ја увидоа важноста на играта и креативноста во образовниот процес.
Работилницата имаше за цел учениците да градат тим преку осознавање на потребата од припадност, да стекнат доверба еден помеѓу друг и да се здобијат со самодоверба која што за нивна возраст е доста значајна за справување со животните предизвици.