Денес, 26.05.2022 година, четврток, во нашето училиште се одржа отворен ден за сите ученици од деветто одделение од сите основни училишта во нашата општина и општина Конче.
Нашите ученици имаа можност да ги претстават четирите струки:
- Електро-техничка струка со 2 профили: електротехничар- енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика;
- Геолошко-рударска и металуршка струка со 2 профили: рударски техничар и металуршки техничар;
- Машинска струка со 1 профил: машински техничар;
- Градежно-геодетска струка со 1 профил: градежен техничар.
Исто така и гимназиските паралелки од:
- Природно-математичкото подрачје,
- Општествено-хуманистичко подрачје, и
- Јазичното подрачје.
Во рамките на кампањата ‘’Учи паметно, работи стручно’’ за промоција на предностите и можностите кои ги нуди средното стручно образование, на овој отворен ден нашето училиште беше посетено од страна на заменик Министерот за образование и наука на РСМ.
Овој ден сите заедно го поминавме во дружење, за подобро запознавање, низ разни забавни и креативни активности.