Проект на YES мрежата на УСАИД
Бележиме уште еден успех во активностите на СОУ Коста Сусинов. Отворањето на Кариерниот Центар како проект на YES мрежата на УСАИД ни претставува еден чекор напред по патот за градење успешна кариера.
Кариерата е динамично градење кое се протега целиот животен век и не ги вклучува само занимањата, туку хармонично ги интегрира и работните и другите социјални улоги како што се семејството, заедницата и слободното време. А тоа динамично движење треба да започне токму овде на овие клупи, во ова пријатно уредено катче.
Голема благодарност до YES мрежата на УСАИД.
Корисници на овој центар можат да бидат:
- учениците
- родителите
- наставниците
- училишниот менаџмент
- заедницата само со еднинствена цел
- за имплементација на активности поврзани со кариерниот развој на учениците.
Затоа ги повикуваме сите граѓани на искрена и успешна соработка со учениците, во иднината што претстои.
Слики и видеа од отварањето на „Кариерниот центар“ во СОУ Коста Сусинов и доделувањето на наградените од конкурсот за „Виното и љубовта“:
[youtube_video]https://www.youtube.com/watch?v=I-b9x3ps8tI[/youtube_video]
[youtube_video]https://www.youtube.com/watch?v=yC-X1uj4EFc[/youtube_video]