“Quot linguas calles, tot homines vales”
(Колку јазици знаеш, толку луѓе вредиш…)
латинска поговорка
На 28. март во просториите на СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш беше одбележан Меѓународниот ден на повеќејазичноста преку одржување на заедничка работилница со ученици од нашето средно училиште и ученици – претставници од основните училишта од општина Радовиш.
Работилницата беше организирана и модерирана од страна на предметните професори Нина Железарска, Верче Чапова и Лили Ѓоргиева, кои предаваат втор странски јазик или изборен јазик во гимназиските паралелки, а тоа се: германскиот, италијанскиот, францускиот и латинскиот јазик. Преку заеднички активности, како квизови, интерактивни игри и музички композиции интерпретирани на различни странски јазици, учениците од нашето училиште, како и учениците гости од деветтите одделенија, имаа можност да се запознаат со многубројните сличности и особености кои постојат меѓу различните јазици, да стекнат општи знаења за различните говорни подрачја, но пред сè за важноста и богатството кое се здобива со владеењето на повеќе од еден странски јазик.
Воедно заедничките активности создадоа можност за нови познанства и зацврствување на соработката помеѓу сите учесници на оваа работилница.
На крај во име на целото училиште би сакале да изразиме искрена благодарност до основните училишта “Коста Рацин” од Подареш, “Кирил и Методиј” од Ораовица, “Никола Карев” и “Крсте Петков Мисирков” од Радовиш и “Орце Николов”, Ињево, Калугерица и Злеово за укажаната можност за соработка, кои со своето присуство дадоа важен придонес во реализирање и одбележување на овој ден.