На 26 ти октомври (вторник) во училишната библиотека при СОУ “Коста Сусинов” учениците од нашата Средношколска унија го одржаа својот трет состанок за оваа учебна година. На овој состанок претходеа неколку други активности меѓу кои и избор на нов претседател и заменик претседател на СУ како и избор на нови претставници од сите паралелки кои учат во училиштето.
На состанокот свое претставување имаше новиот претседател ученикот Матеј Филипов од III 1 паралелка, кој накратко ги запозна учениците со својата програма, идеи и предлози за работа на СУ во тековната година. Како заменик претседател беше избрана ученичката Фунда Реџеп од IV 6 паралелка, а претходно беа избрани четири претставници од секоја година посебно, кои ќе бидат задолжени за дифузирање на информациите во својата генерација. Исто така избран е и тим за Ученички иницијативи преку кој учениците ќе ги реализираат своите идеи во тековната учебна година и ќе се справуваат со предизвиците на кои наидуваат.
Беше презентирана и усвоена Годишната програма за работа на Средношколската унија за 2021/22 година.
Меѓу другото, учениците дискутираа за начини како да ја подобрат училишната клима, предизвици со кои се соочуваат и би сакале да ги надминат, предлози за поголема инволвираност во училишното работење, стратегии за промовирање и многу други точки на коишто дадоа креативни и интересни идеи и иницијативи. Им посакуваме успешна работа и плодна соработка со другите училишни органи.