Учениците од „Access“ Радовиш се запознаа со учениците од „Access“ Велес

На 10.12.2021 учениците од “Access” Радовиш беа одлични домаќини и ги пречекаа учениците од “Access” Велес. Проектот “Access” оваа учебна година се одвива во 5 градови од нашата земја, и тоа: Радовиш, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе. Покрај многубројните онлајн средби на учениците од сите 5 града во минатата учебна година, ова е прва средба во живо на која учениците од Радовиш и Велес имаа можност да се запознаат, да разменат искуства и мислења, да развијат нови пријателства.

Гостите беа пречекани во дворот на нашата гимназија СОУ “Коста Сусинов”, и имаа кратка обиколка низ гимназијата, после што следуваше прошетка низ нашиот град. Најпрво беше посетена црквата “Света Троица” каде учениците беа поделени во групи и учествуваа во квиз на знаење со податоци за црквата. Потоа се продолжи по булеварот каде што пред зградата на општина Радовиш имаа случајна средба со градоначалникот г-н Ацо Ристов, кој на драго срце се согласи да се фотографира со учениците. Групата продолжи кон центарот на градот каде што повторно имаа квиз на знаење, овој пат со податоци за градот Радовиш, и на крај ја посетија градската библиотека каде дознаа повеќе за самата библиотека како и за животот и делото на познатата оперска пејачка со потекло од Радовиш, Милка Ефтимова. Учениците имаа можност да го пробаат и познатиот радовишки сомун, и сите си заминаа со позитивни импресии, посакувајќи да се видат и дружат повторно.

Превод »