Одбележан Денот на пролетта и Денот на екологијата во СОУ „Коста Сусинов“

На 21. Март 2017 г. со еколошки акции во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш беше одбележан Денот на пролетта и Денот на екологијата. Учениците ги чистеа дворовите на училиштата, а ги средуваа и внатрешните простории. Тие сметаат дека сите ние треба да ја чуваме животната средина.

aktivnosti po povod denot na proletta - kosta susinov (1)

„Не треба да се загадува околината туку треба да ја чуваме чиста животната средина и да не фрламе ѓубре насекаде околу нас туку на определните места за тоа“

Професорите истакнаа дека преку целата година активно работат со учениците на тема заштита на животната средина организирајќи различни еко акции.

This slideshow requires JavaScript.

На одбележувањето на денот на еколошката акција на младите во Македонија се вклучи и нашето училиште. Учениците го исчистија училишниот двор и училиштето во внатрешниот дел. Учениците учествуваа и во изработка на хамери на кои беа испишани еко пароли кои беа прикачени во училиштето. Тие имаат за цел да ја подигнат еколошката свест на учениците.

Превод »