На 03.11.2026 година, во Радовиш, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Средношколската унија при СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш и Клубот на млади при ООЦК Радовиш.

Со потпишувањето на Меморандумот се отвораат нови можности за заедничко делување, размена на идеи и искуства, како и активно вклучување на младите во процесите на едукација, волонтерство и развој на заедницата.

Во периодот што следува, се планира реализација на низа заеднички активности, врснички едукации, проекти и програми, меѓу кои и „Зелен волонтеризам“. Заедничката цел е создавање поактивни, поинформирани и посилни млади луѓе, кои ќе придонесуваат за позитивни промени во својата заедница.

Веруваме дека преку поврзување, соработка и заеднички иницијативи, младите можат да бидат двигатели на позитивни промени и да придонесат за создавање подобра заедница за сите!

Превод »