Средношколската унија при СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш распишува натпревар во ораторство наменет за сите ученици од I до IV година, како и за учениците од IX одделение од основните училишта од Општина Радовиш и Општина Конче.

Целта на натпреварот е да им се овозможи на учениците да ги унапредат своите ораторски способности, да ја развиваат самодовербата и да ги усовршат говорничките вештини преку јавно настапување и аргументирано изразување на сопствените ставови.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

1. Учесници и пријавување

  • Право на учество имаат сите ученици од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш, како и учениците од IX одделение од основните училишта од Општина Радовиш и Општина Конче.
  • Секој учесник треба да подготви говор на тема поврзана со личните ставови и интереси.
  • Подготвениот говор треба да се испрати во електронска форма на е-пошта: su.sou.kostasusinov@gmail.com
  • Краен рок за испраќање: 10.12.2026 година.

2. Времетраење на говорот

  • Говорот не смее да биде пократок од 4 минути ниту подолг од 6 минути.
  • За секое пречекорување на времето ќе се одземаат поени.
  • За мерење на времето ќе се грижи лице назначено од организаторот.
  • Натпреварувачот нема да биде информиран за времето.

3. Оценување

  • Оценувањето ќе го вршат тројца судии, кои можат да седат на различни места во просторијата.
  • Секој судија индивидуално ги оценува учесниците.
  • Ќе се оценуваат содржината и композицијата на подготвениот говор, како и неговата изведба.
  • Во случај на еднаков број бодови, победник ќе биде прогласен оној кој има освоено повеќе поени за општ впечаток.

Ги повикуваме сите заинтересирани ученици да ја искористат оваа можност, да го покажат својот говорнички талент и храброста да го искажат своето мислење!

МЛАДИ ОРАТОРИ, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Организатор: Средношколска унија при СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш

Превод »