Во нашето училиште се одржа свечена академија по повод 6 Ноември – Денот на ослободувањето на Радовиш.

Оваа година, највисокото општинско признание му беше доделено на проф. Димитар Трајанов, кој потекнува од Радовиш и е дел од многубројните генерации ученици кои поминале низ нашата училишна зграда.

Неговото признание претставува уште една потврда дека од СОУ „Коста Сусинов“ произлегле личности кои со својата работа, посветеност и успеси оставаат значаен белег во општеството.

Особено нè радува и инспирира пораката што проф. Трајанов им ја упати на младите, нагласувајќи дека со желба, волја, верба во себе и мотивираност можат да постигнат многу во животот.

Му упатуваме искрени честитки за заслуженото признание и му посакуваме уште многу успеси!

Горди сме на нашите поранешни ученици кои се пример и инспирација за генерациите што доаѓаат!

Превод »