Сања Трпков – Технички секретар – Благајник

Сања Трпков е родена на 01.08.1982 г. во Радовиш. Своето средно образование го има завршено во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица во економска струка, профил економски техничар.
Во 2023 година започнува со работа во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, како Технички секретар – Благајник. Дел од работните задачи кои ги извршува се: администрирани информации за плата, боледување, одмори, платено отсуство и се друго поврзано со плата на вработените, пресметка и евиденција на задршки од плата, казни, престанок на работни односи, неплатени отсуства, одржување на податоците за вработените и ажурирање на сметки и записи за вработување, водење на архива на училиштето и др. Таа е одговорно лице за вонредните ученици во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш.
Македонка Илиќ – Секретар на училиштето

Родена е на 27.12.1981г. во Радовиш. Завршува високо образование во 2005 година на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на Правниот факултет и се здобива со звање – дипломиран правник. Таа своето средно образование го има завршено во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш во општа гимназија во 2000 година. (тогаш ДСУ К. Сусинов)
За прв пат се вработува во училиштето во март 2011 како наставник по Вовед во правото, а потоа во февруари 2012 како секретар на училиштето па до ден денес.
