Наставен кадар

Воспитно-образовната дејност во училиштето ја реализираат вкупно 55 наставници. Од нив, 47 наставници реализираат теоретска настава, додека 8 наставници реализираат практично-теоретска настава во рамките на следните сектори:

  • Геологија, рударство и металургија;
  • Електротехника;
  • Машинство;
  • Градежништво и геодезија;
  • Економија, право и трговија, со образовен профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг.

Бројот на наставници кои реализираат различни видови настава може да се менува секоја учебна година, во зависност од организацијата на наставниот процес и распоредот на работните обврски.

Стручни соработници

Во воспитно-образовниот процес се вклучени и двајца стручни соработници:

  • Виолетка Србакова – училиштен психолог;
  • Емилија Котева Ристова – училиштен педагог.

Поддршка за учениците

Училиштето остварува соработка со Државното средно училиште со ресурсен центар „Искра“ – Штип, преку обезбедување стручна поддршка од двајца образовни асистенти:

  • Милица Бораниева;
  • Катерина Трајанова.

Образовните асистенти обезбедуваат поддршка за двајца ученици согласно со нивните индивидуални образовни планови (ИОП).

Координатор за стручно образование и кариерен советник

Од учебната 2026/2027 година, за унапредување и координација на активностите поврзани со практичната настава и професионалното насочување на учениците, ангажирани се:

  • Гоше Коцев – координатор за стручно образование;
  • Нина Железарска – кариерен советник.

Двете функции ги извршуваат наставници избрани од редот на наставниот кадар.

Образовна структура и професионален развој на кадарот

Образовната структура на кадарот кој ја реализира наставата целосно одговара на законските и програмските барања за реализација на сите наставни предмети.

Наставниците во текот на учебната година учествуваат на стручни семинари, обуки и други форми на професионален развој, на кои се обработуваат стручни и методско-дидактички прашања. Стекнатите знаења и вештини придонесуваат за примена на иновации во наставата и континуирано унапредување на воспитно-образовната дејност.

Национална структура на вработените

Категорија на вработениВкупноМакедонциТурци
Наставен кадар56542
Стручни соработници22–
Административни работници33–
Техничка служба1010–
Координатор за практично образование / наставник11–
Кариерен советник / наставник11–
Директор11–
Вкупен број на вработени72702

Мото на наставникот

„Оној кој се одлучил да подучува, не смее никогаш да се откаже од учење!“

Превод »