Активностите од проектот BRAVE успешно завршени

На 07.06.2023 год. учениците-учесници во проектот BRAVE ја имаа својата завршна средба на која ги презентираа финалните производи од проектот – постерите и онлајн брошурата, ги искажаа своите позитивни импресии од сите активности во проектот и добија благодарници за успешно учество и реализација на проектот.

 Координаторот на проектот проф. Катерина Сусинова, како и професорките кои ги реализираа работилниците и настаните предвидени со овој проект Венка Тадирова, Наташа Спасевска и Нина Железарска, ги пофалија учениците за нивното активно и посветено учество, и искажаа задоволство бидејќи целите на проектот во целост се постигнати, а тоа се:

– развивање на комуникациски, копперативни, организаторски, лидерски, дигитални и јазични вештини;

– подобрување на способностите за емпатија, хуманост и грижа за другите луѓе;

– поголемо вреднување на својата култура, како и на други култури во околината и пошироко;

– грижа за животната средина во која живеат и учат;

– подобро познавање на медиумската писменост и распознавање на вистински и лажни вести;

– препознавање на “Булинг” и превземање мерки против таа појава;

– градење силни пријателски врски со другите ученици од групата.

Линк за онлајн брошура:

https://www.canva.com/design/DAFdBI5Mu-g/RqFBDs_6SimiJKri8Av6hQ/edit?utm_content=DAFdBI5Mu-g&utm_campaign=designshare&utm_medium=link2&utm_source=sharebutton
Превод »