Нашите ученици, учесници во Access програмата, денес присуствуваа на креативна работилница „Vision Board“, раководена од г-ѓа Билјана Величковска, советник за комуникациски вештини. Работилницата им овозможи на учениците на еден поинаков и креативен начин да размислуваат за својата иднина, личните цели и амбиции.

Преку интересна презентација и интерактивни начини на комуникација, учениците ги претставија своите визии и замисли за иднината, применувајќи креативно и критичко размислување.

Активностите им помогнаа да откријат дека креативноста не е ограничена само на уметничките вештини, туку претставува и начин на размислување, комуникација и пронаоѓање нови решенија.

Целта на работилницата беше да ги поттикне учениците да станат посамоуверени, имагинативни и креативни мислители со отворен ум, како и преку техниката „Vision Board“ да ги визуелизираат и претстават своите идеи, цели и визија за иднината.

Access Micro Scholarship Program е двегодишна глобална програма за микро стипендии, поддржана од Стејт департментот на САД и имплементирана од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО).

Превод »