На 09.10.2026 и на 16.10.2026 година учениците од второ 9 паралелка и од прво 9 паралелка од секоторот економија, право и трговија ја посетија Народна банка на РСМ во Скопје во придружба на класниот раководител Љупче Атанасов, Јордан Пецов и кариерниот советник Нина Железарска.

Целта на посетата беше да се запознаат со основна финансиска едукација како и да го посетат Музејот на Народна банка.

Од страна на предавач од Дирекцијата за заштита на потрошувачи и финансиска едукација им беше одржано предавање на учениците во Галеријата на портрети. Учениците имаа можност да стекнат знаења за целта и функцијата на Народна банка, како и со организационата структура на истата, Законот за парична единица и Законот за употреба на паричната единица на РСМ.

Во вториот дел од посетата учениците го посетија Музејот на Народна банка, каде следеа кратко предавање за историјата и првите почетоци на парите на нашата територија од античко време до денес. Потоа имаа можност да ги разгледаат ретките примероци на монети и банкноти кои се чуваат во Музејот.

Посетата беше реализирана во рамките на активностите предвидени со кариерното советување во нашето училиште со цел учениците да ги продлабочат своите знаења од областа која ја изучуваат.

